Германци ќе градат винарница во Кавадарци

Bez autora
Oct 08 2012

Нова винарница со капацитет на производство од 5 до 7 милиони литри ќе се гради во градот на грозјето и виното. Се работи за уште една нова германска инвестиција во Кавадарци покрај „Дрекслер Маер“. Според градоначалникот Александар Панов, ова е добра вест бидејќи со отворањето нова винарница ќе се подобрат пазарните услови при откупот на грозјето, и лозарите наместо ниски, ќе добиваат реални цени за нивното производство. Деновиве треба да ги завршиме формалностите околу новата винарница, која ќе има капацитет колку винарницата "Стоби". Со еден таков производствен капацитет и плус уште еден сличен на него, а со род на лозјата каков што имаме годинава, мислам дека ќе се надмине долгогодишниот проблем кој го имаа лозарите околу пласманот на грозјето и ќе нема криза. Откупната цена ќе оди нагоре доколку има доволно винарници кои ќе се натпреваруваат меѓу себе при откупот и плаќањето на грозјето.

Германци ќе градат винарница во КавадарциНова винарница со капацитет на производство од 5 до 7 милиони литри ќе се гради во градот на грозјето и виното. Се работи за уште една нова германска инвестиција во Кавадарци покрај „Дрекслер Маер“.

Според градоначалникот Александар Панов, ова е добра вест бидејќи со отворањето нова винарница ќе се подобрат пазарните услови при откупот на грозјето, и лозарите наместо ниски, ќе добиваат реални цени за нивното производство.

„Деновиве треба да ги завршиме формалностите околу новата винарница, која ќе има капацитет колку винарницата ’Стоби’. Со еден таков производствен капацитет и плус уште еден сличен на него, а со род на лозјата каков што имаме годинава, мислам дека ќе се надмине долгогодишниот проблем кој го имаа лозарите околу пласманот на грозјето и ќе нема криза. Откупната цена ќе оди нагоре доколку има доволно винарници кои ќе се натпреваруваат меѓу себе при откупот и плаќањето на грозјето“, рече Панов и нагласи дека сите работоспособни луѓе во Кавадарци ќе добијат шанса за вработување.

Тој смета дека ќе мора да се врши преструктурирање на работната сила на новите инвестиции.

„Можеби имаме помал проблем со невработеноста од другите градови, но сепак во идниот период треба преквалификацијата и доквалификацијата да бидат поинтензивни. Сите работоспособни луѓе во Кавадарци ќе добијат шанса за вработување. Имаме доволно стручен кадар за новите инвестиции, но сепак инвестициите кои влегуваат бараат и специфична работна сила. Затоа ќе мораме да ја адаптираме во функција на новите инвестиции“, вели градоначалникот на Кавадарци.

Интересот за вработување во германската фабрика „Дрекслер Маер“ каде што ќе се произведуваат делови за „Мерцедес“ е огромен. Најголемиот дел од работоспособното население конкурираше на огласите за вработување од оваа компанија. Наскоро ќе почне производниот процес. Дознаваме дека голем број од примените работници и луѓе од менаџерскиот тим се испраќаат на обука, еден дел во Германија, а друг дел во Унгарија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik